| четврток, 6 декември 2018 |

Нудат плата од 2.500 евра и бонуси

Во местото Калан, во близина на Килкени, грофовија во покраината Ленстер во Ирска, работи компанијата „Калан бејкон“ месна индустрија која се занимава со транжирање на свински полутки и обезбедување на трговските ланци на малопродажба со месни производи.

Како што пишува „Глас Славоније“ во неа се вработени 15 Хрвати, жители на Осјек. Тие се покажале како вредни работници, па компанијата побарала нови работници, исто така од Осјек. Се отвораат нови 130 работни места, а 25 се „резервирани“ за Хрвати. Организирано е и тестирање.

На огласот се пријавиле кандидати од пола Хрватска – од Загреб, Вараждин, а најмалку кандидати имало од Осјек.

Се спомнува плата од околу 2.500 евра нето, а главните пари се заработуваат од прекувремените часови кои се евидентираат и се плаќаат. Може и да се напредува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top