| четврток, 6 декември 2018 |

Полската Влада нема да ја поддржи целосната забрана за абортусот по масовните протести низ земјата

polska

Полскиот министер за наука и високо образование Јарослав Говин изјави дека масовните протести на жените против целосната забрана на абортусите се „отрезнувачка“ лекција за државното раководство и дека „нема да има целосна забрана на абортусите“, пренесоа американските медиуми.

Говин изјави дека протестите „не натераа да се замислиме и не отрезнија“.

Претседателот на полскиот Сенат, исто така, изјави дека Горниот дом на Парламентот нема да почне било каква работа врз предлог закон што ќе воведе уште поголеми ограничувања во полскиот закон за абортус, што и онака е еден од најограничувачките во Европа.

Овие изјави се чини покажуваат дека конзервативното полско раководство ќе се воздржи од поддршка на доста непопуларниот предлог за забрана на абортусот, дури и во случаи на силување, инцест или кога има опасност за животот на мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top