Рускиот претседател Владимир Путин, на првата седница на новата државна Дума, ги повика новоизбраните пратеници да ја исполнат историската мисија Русија да ја направат силна земја. Конститутивното заседание на Долниот дом на рускиот Парламент по парламентарните избори, оддржани на 18 септември 2016 година, мина во контекстот на нагласно влошените односи меѓу Москва и Западот околу сирискиот конфликт и доведе до остри меѓусебни напади, какви немаше од 80те години на минатиот век, кога американскиот претседател Роналд Реган Советскиот сојуз го нарече „Империја на злото“, забележаа француските медиуми.
– Треба да ја засилиме безбедноста и одбранбените способности на нашата земја, изјави шефот на државата и ја подвлече неопходноста од заштита на руските позиции на светската сцена.
– Треба да се обединиме, да ги усогласиме нашите напори, права и задачи, за да постигнеме владеење на историското право Русија да биде силна земја, рече Путин, чиј приоритет во последните години беше модернизирање на руската армија и распоредување на дополнителни војници под западното крило на Русија.
– Секоја земја го има тоа право. И ние на тој концепт за силна држава нема да дадеме империјалистичка конотација, подвлече тој, пред да заклучи: „Ние никогаш не сме му налагале што и да е кому било”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени