Прославената актерка Милена Дравиќ денеска го слави 76 роденден. Меѓу нејзината публика нема многумина кои знаат дека таа пред Драган Николиќ имала два брака.
Првиот пат била мажена за режисерот Младомир Пуришиќ Ѓорѓевиќ. Тогаш имала 20 години. Се развеле после неколку години заеднички живот.
Вториот брак и бил со режисерот Воислав Кокан Ракоњец, со кој била во брак се до неговата прерана смрт. Тој починал на 34 година во 1969 година.
Милена потоа го запознава три години помладиот колега Драган Николиќ и тоа на снимање на филмот „Хороскоп“.
Започнале врска, а за Нова година 1971 во една од паузите меѓу снимањата отишле во општина и се венчале. Кума им била Сека Сабљич, а од венчавката немаат ниту една фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.