| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено постојаното седиште на Балканските медицински наменски сили

Македонија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија и Црна Гора ќе партиципираат со свој персонал во единицата која треба да брои 86 лица. Основна цел ќе биде навремено и ефикасно дејствување при елементарни непогоди и несреќи…

Во Скопје ќе биде постојаното седиште на штабот на Балканските наменски медицински сили. Македонија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија и Црна Гора ќе партиципираат со свој персонал во единицата која треба да брои 86 лица.

Проектот е во духот на концептот „паметна одбрана“ на НАТО, а ќе ги подобри националните медицински капацитети за работа во регионална мултинационална средина, изјави министерот за одбрана Јолевски, додавајќи оти ќе се создаде мала, мобилна, брза организација која секаде и секогаш ќе биде таму, каде што им е потребна на граѓаните.

Основна цел ќе биде навремено и ефикасно дејствување при елементарни непогоди и несреќи. Командувањето со единицата е на принцип на ротација. Прв началник на штабот ќе биде од Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top