Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Аиво Орав, денес ќе извршат традиционална церемонијална размена на знамињата на Македонија и на Европската унија, јавува „Сител“.
Церемонијалната размена на знамињата е во рамки на планинарскиот марш, што се одржува во организација на Европското движење на Република Македонија и на Делегацијата на Европската унија во Скопје, како дел од активностите на одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа.
Планинарскиот марш, предводен од амбасадорот Орав, ќе пристигне во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, каде што претседателот Иванов и амбасадорот Орав ќе ја извршат церемонијалната размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија. Од претседателскиот Кабинет, маршот ќе продолжи кон врвот Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


