Мажите дефинитивно се делат на две категории: оние кои ги сакаат женските гради и оние кои го сакаат женскиот задник.Резултатите на едно истражување покажале дека оваа поделба подложна на подлабока анализа.
Имено, мажите кои сакат бујни гради главно читаат спортски магазини и не пропуштаат ниеден натпревар. Обложувалницата им е втор дом, а неретко имаат и проблем со зависноста. Љубителите на женски гради се екстровертни мажи кои ја користат секоја прилика за да бидат во центарот на вниманието, па поради тоа може да бидат склони кон неверство. Сепак, тие се големи шармери и ги краси неверојатна харизма. Ретко остануваат во долги врски и бракови.
Мажите кои сакаат да се свртат за подобро да го погледнат женскиот задник се перверзни на посебен начин и обожуваат да експериментираат во сексот. Тие се многу вредни во животот, а организацијата им е силна страна па поради тоа никогаш не доцнат. Тие уживаат во социјалната положба и имаат развиено кариера. Истражувањето се обидело и да покаже како категоризацијата на сексуалната привлечност варира од географската положба – дури 59% од Аргентинците главно сакаат жени со изразени задници, додека на пример, Британците тоа воопшто не ги интересира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.