Поради падот на температурите, од утре, 5 октомври, десет дена порано, почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се во системот на Балкан енерџи во Скопје.
– Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15. октомври ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управа за хидрометеролошки работи на Република Македонија, наведува БЕГ.
Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
– Изминативе неколку денови, екипите вршеа континуирани ладни проби на системот со цел да се отстранат евентуалните пречки и да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија до потрошувачите, соопшти компанијата и информира дека евентуалните дефекти може да се пријавуваат на телефонскиот број 02/3076-200, на линкот http://beg-distribucija.com.mk/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/ или преку смс порака на броевите 076 350 298, 078 207 056 и 070-369-337.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.