| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците казнети со 50.000 франци за мечот со Македонија

navivaci-al-mk

Албанската фудбалска федерација доби казна од ФИФА во износ од 50.000 швајцарски франци за неспортско и дескриминаторско однесување на своите навивачи на квалификацискиот натпревар против Македонија во Скадар.

Делегатот на овој натпревар ги забележа немилите сцени кога дел од домашните фанови со факели ги нападнаа македонски навивачи кои дојдоа во Скадар да го бодрат нашиот национален тим.

Во текот на натпреварот имаше и уште неколку неспортски повици од трибините, а беше исвиркана и македонската химна. Поради сите овие причини Фудбалската федерација на Албанија ќе мора да плати голема финансиска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top