| четврток, 6 декември 2018 |

Вилијамс: Хитлер доживеал длабока старост и умрел во Аргентина од природна смрт

Хитлер не се убил во бункерот во Берлин во 1945 година, туку доживеал длабока старот во Аргенитина, тврди британскиот новинар и историчар Џерард Вилијамс кој вчера ја претстави неговата книга „Сивиот волк“ на Меѓународниот саем на книги во Подгорица.

vilijams

Вилијамс тврди дека ова го открил додека го снимал документарниот филм во Аргентина на годишнината од Фолкландската војна. Тогаш запознал и разговарал со многу луѓе кои биле сигурни дека Хитлер побегнал од Германија и дека живеел во нивната земја.

Официјалната историја вели дека Хитлер извршил самоубиство, но како што вели Вилијамс, „сите знаеме дека историјата ја пишуваат победниците“, така да тоа не било исклучок и овој пат.

Новинарот дошол до податоци дека Хитлер живеел во Аргентина со неговата сопруга и двете ќерки и починал од природна смрт. Со помош на негов стар пријател, писател и фотограф специјализиран за воена историја Сајмонд Данстен откриле многу докази за бегството на водачот на Рајхот отколку за неговата смрт.

Верувам дека ова е приказна која вреди да се раскаже. Работев со години како новинар и покривав многу приказни од меѓународно значење. Кога прв пат ја открив приказната за Хитлер и Аргентина не сакав да поверувам. Тажно но тоа не е смешна приказна, вели Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top