| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто жените на 40 години се подобри од тие на 20?

Еден корисник на „Фејсбук“ на својот профил објавил факти поради кои секој маж треба да тежнее кон живот со жена постара од 40 години, место, како што стареат да бараат помлади жени.

1. Жена постара од 40 години никогаш нема да те разбуди среде ноќ и да те праша: За што размислуваш? Едноставно, не ја интересира.

2.Кога жена постара од 40 години не сака да гледа натпревар таа нема да седи до тебе и да кука. Ќе си најде занимација, тоа што нејзе ја интересира.

3. Жена постара од 40 години се познава себеси одлично за да знае што сака и од кого тоа може да го добие. Само мал број жени на 40 години ги интересира што некој мисли за нив.

4. Жените постари од 40 години зрачат со гордост. Ретко ќе направат сцена во ресторан, но ако си заслужил нема да се двоумат да те убијат ако се сигурно дека ќе поминат неказнето. Со годините жената станува видовита.

5. На жената постара од 40 години не треба да ѝ кажеш што си направил – таа веќе знае.

6. Жената постара од 40 години изгледа одлично кога ќе стави црвен кармин, што не може да се каже за повеќето млади жени. Штом мажот ќе ги добие првите брчки, за него жена над 40 години е многу посексапилна од помлада жена.

7. Повозрасните жени се многу поискусни и отворени. Тие во лице ти кажуваат дека си идиот. Никогаш не мораш да се прашуваш на што си со неа.

На секоја убава, интелигентна и зрела жена повозрасна од 40 години доаѓа еден остаток – дебел, со стомак во жолт шорц, кој поради 20-годишна келнерка прави мајмун од себе!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top