Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) на барање на Организацијата на музички автори на Србија (СОКОЈ), забрани јавно прикажување на музиката од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територијата на Македонија.
По тој повод се огласи поп-пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој е шокиран од одлуката.
– Не знам со кое право СОКОЈ забранува емитување српски автори на подрачјето на Македонија, а при тоа да не нѐ извести – напиша Јоксимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.