Зимата е пред прагот, а со неа доаѓа и убавата и богата храна со калории, но и резерви во вид на вишок килограми.
Според едно истражување направено неодамна, статистиката, само за САД покажува дека почетокот на октомври е време кога луѓето тежат најмалку.
Потоа, тежината оди само нагоре, поради уживањето во колачитте, обилните ручеци и тоа по неколку пати на ден. Истражувањето опфатило 1.800 Американци, 800 Германци и 400 Јапонци во период од една година, почнувајќи од октомври 2012 година.
Американците имале најмногу килограми на Нова година, а таа тежина ја задржале до април. Со оглед дека Американците се сметаат за една од најдебелите нации на светот, само една четвртина биле дебели, така што овие резултати не може да се сметаат за просек на целата нација.
Авторот на студијата Брајан Вансинк заклучил дека овие луѓе „собрале“ помалку килограми и брзо ги загубиле, споредувајќи ги со целата популација на САД.
Поради тоа смислил одличен предлог за „Њујорк тајмс“.
– Наместо на луѓето да им сугерирате како да ослабнат по божикните и новогодишните празници, можеби подобро е да им кажете да внимаваат од октомври за да не се здебелат? – вели Вансинк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.