| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка во Тетово: Момче со скршен череп се бори за живот

Синоќа во 20.45 часот во ПС-Тетово телефонски било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на угостителски објект е нарушен јавниот ред и мир.
Од страна на полициски службеници излезено било на посоченото место каде од обавените разговори со очевидци на настанот констатирано било дека поради претходно нерасчистени меѓусебни односи, А.Ш. (1996) од Тетово и Л.С. (1997) од с. М.Речица, со дрвен колец физички го нападнале А.И. (1995) од с. Желино, при што му нанеле тешка телесна повреда во пределот на главата – пукнатина на черепот и фрактура на десната подлактница.
А.И. се упатил во КЦ-Тетово каде му била укажана првична помош, а потоа поради карактерот на повредите со амбулантно возило бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.
Во 23.45 часот А.Ш. и Л.С. се пронајдени, лишени од слобода и приведени во СВР-Тетово каде се задржани за расчистување на случајот.
По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top