Здружението на воспитно-згрижувачки и стручен кадар на детските градинки во Република Македонија изрази огромно задоволство од најавата за изградба на 140 државни детски градиннки, изјави денеска претседателот на ова здружение, Илија Митров.
– Зголемувањето на наталитетот, односно потребата за запишување на децата во градинка последната деценија се покажа и како голем проблем за сите постоечки детски градинки во државата или со други зборови, листите за чекање се повеќе се зголемуваат од година во година. Овие 140 градинки ќе решат многу проблеми на постоечките капацитети, ресурси и вработени во детските градинки, ќе придонесат и за нови вработувања и секако најголем бенефит ќе имаат родителите кои имаат голема потреба, но и досега и проблем да ги сместат своите деца во градинка, вели Митров.
Тој истакна дека со изградбата на 140 градинки ќе се добие и поголем квалитет како во згрижувачката, така и во воспитно-образовниот дел кон децата.
– Ние, како новоформирано здружение на сите вработени во детските градинки, сакаме да ги поздравиме досегашните мерки донесени од страна на Владата, односно огромно задоволство од законот за волонтери, со кој им беше решен статусот на голем дел вработени во државата или на околу 1.000 лица, зголемените плати, опремување на градинките од страна на министерството, отварањето на нови градинки и во досегашниот период, доградба на занимални на постоечките капацитети и многу други проекти поврзани за нашата работа, рече Митров.
Претседателот на Здружението на воспитувачи, Митров истакна дека со изградбата на 140 градинки нашата земја ќе биде лидер во регионот во делот на предучилишно образование и воспитание на децата.
Според претседателот на Здружението на социјални работници, Гоце Прцуловски овој проект дава осврт на семејството и негово правилно функционирање во склад си динамиката на живеење. Прцуловски посочи дека со изградбата на повеќе детски градинки во државата ќе се создадат предуслови за зголемување на бројот на склучени бракови и создавање на многудетни семејства.
-Грижата на родителите е голема за нивното дете биде згрижено, одгледувано од квалификуван кадар и квалитетно поминато време. Градинката е еден процес на социјализација кој претежно преовладува во урбаните средини, каде поради поголемиот број на промени во семејството и обврските на родителите се јавува потреба од поголем број на градинки. Градинките се поддршка за правилен раст и развој на децата и нивна социјализација и полесна адаптација при започнувањето на училишниот процес. Затоа е добро да се градат градинки и во руралните средини, рече Прцуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица
-
Теловска: Царовска излажа, нема ниту нови градинки, ниту втора смена во нив
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална