Тешко е да се зборува за проблемите со кои еден човек се соочува, но понекогаш е важно да се каже гласно бидејќи во тој момент стигнува помошта од околината и што е уште поважно, луѓето кои се соочуваат со истиот проблем се инспирирани од храброста. Во таа насока, најголем ефект имаат изјавите на славните личности кои допираат до голем број луѓе. Дел од нив ги имате во продолжение:
Елтон Џон, булимија
“Во моментот кога реков ‘ми треба помош’, знаев дека веќе ми е подобро и бев решен да ми биде подобро. Сакам да потенцирам дека многу ми олесна штом го признав проблемот пред себе”.
Леонардо Ди Каприо, oпсесивно-компулсивно пореметување
Леонардо уште како дете се борел со оваа состојба, а подоцна во животот, кога го снимал „Авијатичарот“ се потсетил на тие моменти. „Се сеќавам дека мојот шминкер и неговиот асистент одеа со мене до сетот и велеа ‘О Боже ќе ни требаат 10 минути да стигнеме до таму затоа што ќе мора да се врати назад, да згазне на каменот, да ја допре вратата, да влезе и да излезе пак‘. Буквално полудував од тоа. По завршувањето на филмот го правев тоа уште неколку месеци, па дури сега, на моменти се уште го правам тоа“.
Деми Ловато, биполарно однесување
“Се сеќавам дека седев со мојот менаџер и со моето семејство. Разговаравме за тоа дали воопшто треба да зборувам во јавноста за мојата состојба, за проблемите со кои се соочував. Имав две опции: или да не зборувам болеста, за процесот на рехабилитација и да се надевам дека ќе исчезне сето тоа или да зборувам јавно и да инспирирам многу луѓе да се соочат и да побараат помош. Се одлучив за втората опција”.
Адам Левин, синдром на недостаток на внимание
“Кога ми ја дијагностицираа состојбата, искрено не бев изненаден бидејќи додека бев во средно училиште имав потешкотии да се фокусирам. Мислам дека дури и сега луѓето го забележуваат тоа кај мене. Кога не можам да обрнам внимание, не можам и тоа е тоа”.
Елен Дегенерис, депресија
“Од се што се плашев во животот, се ми се случи, сите стравови се оставрија. Го изгубив шоуто, ме напаѓаа како да сум самиот ѓавол. Од огромна заработка која што ја имав од шоуто, останав без пари, без ништо. Кога си заминував од студиото после пет години напорна работа, со сознаието дека бев третирана без почит само заради тоа што сум геј, светот ми се распадна. Влегов во длабока депресија”.
извор Hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одат напред, ама сакаат назад: Пејачите не знаеле дека Владата ги прави носители на политичка кампања, ама сепак ќе пеат
-
Не им кажале дека ќе бидат дел од прославата за НАТО, сега сакале – не сакале, ќе мора да пеат
-
Која е вашата слабост според хороскопот: Лавот не знае да каже „не“, Рибите измислуваат болести…
-
Седум болести кои ги пренесуваат комарците