Денеска е Св. апостол Кодрат.
Еден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп најнапред во Атина после Св. Публиј, а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги низложи скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабожците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија во затвор и не му даваа леб с ѐ додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130 година. Погребан е во Магнезија, градот во којшто го заврши животот маченички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…