Едно лице загина во сообраќајна несреќа која вечерва се случи на регионалниот пат Пехчево – Делчево кај селото Тработивиште. Во незгодата настрадал пешак на 44-годишна возраст.
Несреќата се случила во 20:15 часот, а покрај пешакот во сообраќајката учествувал автомобил марка „тојота“ со бугарски регистарски таблички, управуван од П.И (45) од Делчево, рекоа од полицијата за „Телеграф“.
Возилото удрило во пешакот кој починал на лице место.
Сообраќајот до 22:05 часот беше во прекин, сега веќе се одвива нормално. Увидот на полицијата е во тек.
Фото: илустрација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.