| четврток, 6 декември 2018 |

На Македонците им ја подарив „Стариот џумбушлија”, а не добив ниту денар

Деновиве во центарот на вниманието е веста за забраните на ЗАМП и СОКОЈ за емитување на македонска и српска музика, а Ана Бекута која пред 20 години ја сними “Стариот џумбушлија” на македонски јазик е прва меѓу музичарите во соседството која се огласи по повод ваквата одлука на здруженијата на автори.

Деновиве во центарот на вниманието е веста за забраните на ЗАМП и СОКОЈ за емитување на македонска и српска музика, а Ана Бекута која пред 20 години ја сними “Стариот џумбушлија” на македонски јазик е прва меѓу музичарите во соседството која се огласи по повод ваквата одлука на здруженијата на автори.

Имено, познатата српска пејачка во едно интервју рекла дека станува збор за неразумна политика и потенцирала дека не се плаши од забраната затоа што македонската публика и е верна и ќе ја слуша нејзината музика и покрај се.

Мислам дека тоа нема врска со народот, туку станува збор за неразумна публика. Искуството досега ме има научено дека забраните баш и немаат некаков ефект, па затоа и не сум загрижена. Јас разбирам дека македонскиот народ сака да го заштити својот јазик, култура и мелос, но мислам дека со овие забрани ништо нема да се среди и дека тие се непопуларна мерка”, изјавила Бекута и потенцирала дека за емитувањето на темата “Стариот џумбушлија” која важи за голем хит нема добиено ниту денар.

Од Македонија никогаш не сум добила пари за емитување на “Стариот џумбушлија#. Кој се буни и зошто? Еве мене како изведувач ме интересира каде отидоа тие пари, бидејќи јас од нив ништо немам видено, а според закон ми следуваат. Минатата година дури и добив награда за истата песна за најслушана песна во Македонија во последните 20 години”, додала пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top