| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија ќе испрати 20 полицајци да ја обезбедуваат границата на Србија

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на денешната средба со српскиот колега Ивица Дачиќ изјави дека Унгарија ќе испрати 20 полицијци за да ја заштитат јужната граница на Србија од новиот бран мигранти.

– Унгарија ја поддржува Србија и ќе испрати 20 полицајци поради реалната опасност од нов бран на мигранти, посочи Сијарто.

Тој посочи и дека ставот на Будимпешта е дека Србија е подготвена за членство во Европска унија и оти тоа е во интерес на Унгарија, на унгарското малцинство во Србија, како и во интерес на безбедноста на неговата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top