| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват го скршил пенисот среде секс, високата оштета стигнала предоцна

Среде сексуалниот жар маж од Сплит го скршил својот полов орган. Десет години подоцна, осигурувањето конечно ја плаќа оштетата.

Како што пишува хрватскиот весник „24 сата“, мажот веднаш по несреќата побарал оштета, бидејќи имал животно осигурување. Но, судскиот спор траел 10 години, а во меѓувреме мажот починал.

Денес, една деценија подоцна, судскиот спор е разрешен. Досудено е оштетата да изнесува 50.000 евра, пари кои ќе ги добие неговиот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top