Истражувањето на Универзитетот во Летбриџ, Канада, покажува дека постои една црта на лицето која во целост може да го промени изгледот на човекот и која всушност најмногу помага во препознавањето на некоја личност. Испитаниците требало да препознаат славна личност на фотографиите, со тоа што на некои им биле скриени очите, а на некои веѓите. Тие полесно ги препознале лицата на кои не им ги гледале очите.
Заклучокот на научниците е дека веѓите имаат клучна улога во препознавањето, но и во тоа како другите не доживуваат. Притоа, најважен е обликот на веѓите.
Заоблените веѓи oткриваат личност која е отворена и дружељубива.
Рамните веѓи oткриваат личност која е директна и се води според фактите и логиката
Веѓите со четвртаст облик oткриваат личност која сака секогаш да е во право и да има контрола врз секоја ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.