Семејството со четворица мажи и една жена, наводно давало поддршка на Исламската држава, поттикнувало на џихад, а постои сомнение и за негова поврзаност со радикални исламски свештени лица од Балканот.
Тие се протерани со декрет на министерот за внатрешни работи, Анџелино Алфано, бидејќи претставуваат закана по националната безбедност.
Семејството кое живеело во Италија подолг период, работејќи во градежништвото, било предмет на истрага во последните две години.
Македонските државјани, со полициска придружба биле качени во авион кој се упатил накај Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.