Општина Новаци денеска промовираше туристичка мобилна апликација во која се содржани мапи на планински патеки, велосипедски и џип рути и историски места во општината.
На неа се наоѓаат 12 планински рути, а мобилната апликација е изработена според интернационални стандарди и е бесплатна за користење.
Апликацијата е изработена на македонски и англиски јазик и нуди можности за претходно планирање на патувањето со одредување на почетна и завршна точка и навигација во текот на патувањето во реално време, беше соопштено на денешниот промотивен настан во таа локална самоуправа.
Мобилната апликација се наоѓа на веб адресата www.tourdemariovo.info и е изработена во рамките на проекот „Жива историја, жива природа 2“ од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 20072013, а партнер на општина Новаци е грчката општина Алмопиа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.