Дваесет и деветгодишна девојка од Кавадарци им ги украла картичките на две колешки и од банкомат извадила 9.500 денари, Полициската станица во Кавадарци поднесе кривична пријава против Е.С. (29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
-Пријавената на 21 ноември минатата година во Кавадарци, на банкомат пред влезот на Шпаркасе банка, откако претходно од чанта на своја колешка ја зела картичката за банкомат и го запишала ПИН кодот, истата ја злоупотребила три пати, при што подигнала 8.000 денари, по што без да биде забележана ја вратила картичката во чантата на оштетената- се вели во соопштението на МВР.
Кавадарчанката не застанала тука. На 26 јуни годинава на идентичен начин од друга колешка ја зела картичката и ја злоупотребила на банкоматот на Шпаркасе банка, при што ја подигнала целата расположлива сума во износ од 1.500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)