Мултимедијалниот проект „Раѓањето на нацијата“ на уметницата Тања Балаќ ќе биде претставен вечерва во 19.30 часот во галерискиот простор на Национална галерија на Македoнија – објект „Чифте-амам“.
Овој проект се состои од неколку видеопроекции, и претставува последно и најново видеоостварување на авторката. Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот што нѐ опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него.
Алесандра Чианети и Ани Јаел Кван (Англија), кураторки на проектот, во предговорт на каталогот, нагласуваат дека Балаќ со употреба на камерата како „окото на гледачот“ не случајно ја позиционира бремената жена во центарот на сликата, каде што бавното движење, квалитетот и тонот на осветлувањето, направени од кинематограферот, Атанас Велковски, функционираат заедно за да предизвикаат еден сликарски сензибилитет, не многу поразличен од онаа елеганција присутна во фламанската мртва природа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст