Eден косовски Албанец е осуден на четири доживотни затворски казни поради подготовка на убиство на неколку сведоци и агент на ФБИ од претходното негово судење за тероризам. Пресудата ја донесе судот во Северна Каролина. Дваесет и девет годишниот Хисен Шерифи е еден од од шестмината муслимани кои во 2011 година беа осудено за планирање на напад врз базата на америкаснките маринци во Вирџинија. Тогаш Шерифи бил осуден на 45 години затвор, меѓутоа набрзо одлучил да им се одмазди на сведоците и агентот на ФБИ од тој процес.
Во целата приказна тој ги вовлекол негвиот брат и неговата девојка кои требале да му дадат пари на платениот убиец. Меѓутоа, затворскиот цимер на Шерифи бил владин доушник кој пријавил во истражното биро. ФБИ организирале цела акција како да го наместат, па дури и монтирале слики на кои се гледа дека е убиена првата жртва.
– Куранот е вистина која ги поништува сите други религии. Доколку не му се потчинете тешко ќе ве казни и ќе одите во пеколот – изјавил Шерифи на судењето.
Судијата истакнал дека Хисен ги исполнува сите точки од дефиницијата за терорист и му пресудил четири доживотни казни затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


