| четврток, 6 декември 2018 |

Ригоберт Сонг се бори за живот

rigobert-song

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Вест Хем, а сега селектор на Чад, Ригоберт Сонг, доживеа мозочен удар и префрлен е во болница во Камерун.

Тамошните медиуми пренесуваат дека Сонг се наоѓа во кома и е во критична здравствена состојба, а му преостанува голема борба за живот. Тој кариерата ја заврши во 2010 година, во дресот на Трабзонспор, а неколку години работеше и во Фудбалската асоцијација на Камерун.

После ваквата непријатна вест, на социјалните мрежи веднаш се појавија пораки за поддршка на Сонг од Самуел Ето, и поранешниот соиграчи од Ливерпул, Џејми Карагер, Роби Фаулер, Патрик Бергер…

karager

eto

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top