Ѕвездите на Оклахома Сити Тандер вчера присуствуваа на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, во кој Реал Мадрид не импресионираше и одигра само 1-1 против аутсајдерот Еибар. Расел Вестбрук и соиграчите ја искористија приликата за време на европската турнеја, во која денес му гостуваат на кошаркарскиот клуб од Мадрид.
По заминувањето на Кевин Дурант, сега првата ѕвезда во екипата Вестбрук се сретна и со најдобриот играч на „кралевите“, Кристијано Роналдо со кој направи размена на дресови.
Два дена по денешното гостување во Мадрид, НБА екипата ќе одигра уште еден натпревар во Шпанија и ќе гостува на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Вестбрук со звукот на сирената за победа на Оклахома (видео)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)