| четврток, 6 декември 2018 |

Која храна треба да ја избегнувате ако сакате чиста и здрава кожа?

Чистата и здрава кожа е нешто особено важно, што влијае на изгледот на човекот. А храната што ја консумираме има влијание токму на кожата.

Има одредена храна што доколку ја јадете често, ќе направи вашата кожа да изгледа масно, нездраво и уморно, а може да предизвика и појава на акни.

На врвот на листата на храна што треба да ја избегнувате ако сакате чиста и здрава кожа, се благите работи, односно сè што содржи многу шеќер. Покрај тортите, чоколадите и другите очигледни слатки продукти, треба да се избегнува и шеќерот во преработената храна, како грицките и брзата храна.

Тука, за жал, спаѓаат и соковите и тоа газираните и негазираните. Тие содржат многу засладувачи и вештачки шеќери кои може да предизвикаат појава на брчки.

Исто така, млечните производи не се најдобри за вашата кожа, бидејќи може да се полни со хормони кои може да предизвикаат воспаление и дополнително произведување на масти во организмот, што може да резултира со акни.

Обрнете внимание на овие намирници доколку сакате здрава и чиста кожа и фокусирајте се на овошје и зеленчук полни со вода и со витамини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top