Марк Бартон ја откри преписката на пораките кои неговата поранешна сопруга Катриона Вајт ги разменувала со холивудскиот актер Џим Кери (54).
Од пораките кои Бартон ги пушти во јавноста видливо е дека Катриона со Џим Кери зборувала за својот починат татко. По неколку емотивни пораки, актерот одлучил да ја промени темата и да ја праша:
-Не прекина со таблетите откако последен пат се видовме, драга? Прости, но малку сум загрижен бидејќи не внимававме синоќа, напишал Џим Кери во една порака и ѝ рекол во секој случај да земе таблета за ден потоа ако нешто ѝ изгледа сомнително?
Џим Кери е обвинет дека на Катриона ѝ пренел херпес и гонореја. Кога му се пожалила дека има грутки коишто ги воочила на својот полов орган, актерот ѝ одговорил дека „надразнетите фоликули и грутки се нормална појава по бричење или по секс“, а наредниот пат ѝ рекол дека сè ќе биде во ред и ѝ посакал среќа со работата.
-Можеби си го добила тоа од некого од порано, па се појавуваат дури кога си под стрес, и рекол Кери.
Откакао дознала дека е заразена со сексуално преносливи болести, актерот наводно ѝ порачал дека му станало премногу напорно и прекинал со Катриона. Помеѓу другото, барал од неа да потпише договор за тајност, а тој процес го забрзувал.
-Дали ова е начин на кој маж го почитува сеќавањето на својата сопруга? Вистинска болест е алчноста, бесрамната алчност, напишал Џим Кери во својата изјава за јавноста во петокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст