| четврток, 6 декември 2018 |

Го пуштил преку ред, освоил милион долари

Еден човек кој пуштил преку ред друг маж во редот за лотарија на крај добил ливче со кое освоил милион новозеландски долари.

Победникот, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека тој ден бил убаво расположен.

– Чекав во ред пред киоскот и одеднаш ми се уфрли еден човек пред мене. Не брзав, не сакав да се расправам и го пуштив без збор – изјавил добитникот.

И тогаш се случила карма.

– Ми се чини дека кармата навистина постои, бидејќи ако не се појавеше пред мене, тогаш друг ќе го добиеше добитното ливче – закличил добитник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top