Обично пиеме само ладна вода, но тоа воопшто не е здраво, тврдат лекарите.
Од друга страна, конзумирањето на топла вода може да ни го подобри варењето на храната и да го ослободи телото од отровите.
Ладната вода е без многу минерали, поради што не е многу добра за органите за варење, особено ако се пие за време на оброкот.
Позитивни ефекти на топлата вода:
- Го подобрува варењето. Чаша со топла вода на утро помага во чистење на телото од токсини. Водата помага во разградување на храната и правилното работење на органите за варење.
- Ги намалува болките. Топлата вода помага и кај менструалните болки. Топлината влијае врз стомачните мускули и ги намалува болките.
- Топлата вода влијае и врз слабеењето. Топлата вода ја зголемува температурата на телото со што го забрзува метаболизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.