Лидерот на владејачката партија Никола Груевски има тројно поголема доверба од опозицискиот лидер Зоран Заев, кој има рејтинг од 8,8 отсто, покажува најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот меѓу 26 и 29 септември на 1.260 испитаници,.
Анкетата е направена со цел за да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во Република Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори.
Дури 28,2 отсто од испитаниците најголема доверба имаат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Потоа следи Заев со 8,8 отсто, Али Ахмети има рејтинг од 5,5 отсто, додека лидерот на ДПА Мендух Тачи 2,8 отсто. Заменичката на Заев, Радмила Шекеринска има доверба од минорни 0,6 отсто од испитаниците.
-Во анкетата која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени шестте изборни единици, како и повеќе релевантни демографски карактеристики на населението односно пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,1 проценти, информираат од Институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии