| четврток, 6 декември 2018 |

Кама Сутра: Три најважни правила за незаборавен секс

Многумина Кама Сутра ја доживуваат како збирка на сексуални пози, но оваа книга е многу повеќе од тоа. Освен на секс, фокусот е и на односот меѓу љубовниците, но и на љубовта.

Кои се трите правила за максимално сексуално задоволоство?

1. Предиграта е важен дел од сексот

Кама Сутра вели дека и интимноста е предигра, а таа вклучува квалитетна комуникација и вербално искажување на љубовта. Важно е на љубовникот на сите можни начини да му покажете дека го сакате и го посакувате, а најголема улога во тоа, освен допирите имаат и зборовите.

2. Жената секогаш има предност кога оргазмот е во прашање

Според Кама Сутра жената има предност кога станува збор за оргазмот, а ако и мажот инсистира на тоа, тоа значи дека ја сака и цени партнерката.

3. Сексот треба да се цени

Сексот не е само физичко задоволство, туку нешто по значајно. Сексот е пат до подобра комуникација, а ако комуникацијата е добра,  тогаш и поврзаноста на љубовникот и нивното задоволство е поголемо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top