| четврток, 6 декември 2018 |

Вовел петчасовно работни време – фирмата „му цвета“

„Од понеделник сите се згрозуваат. Средите служат да се „претурка“. Петокот наутро донесува олеснување бидејќи доаѓа викенд. Идејата работниците дека мораат да претуркаат 70 отсто од својата недела само за уживаат во останатите 30 отсто е колективно лудило“. Ова се зборовите на сопственикот на фирмата „Товел педл бордс“, Стефан Аристол, кој пред нешто помалку од година дена вовел петчасовно работно време.

– Одлучивме во нашата компанија да работиме поинаку. Го сакам бизнисот со продажба на даски за веслање , така што пократкото работно време го ослободува попладнето на нашите вработени за приватен живот и е совршен спој за нашиот „плажа“ животен стил – вели тој.

– Одлучивме да воведеме петчасовно работно време, што значи дека сите работат од 8 до 13 часот. Ако елиминираме еден час за ручек, го намаливме работниот ден за два часа. Нашите вработени не се помалку платени и од нив и понатаму очекувам да бидат двојно попродуктивни од просечен работник – додава сопственикот на фирмата.

Резултатите се неверојатни. Лани биле прогласени за најбрзо растечка приватна компанија во Сан Диего.

– Оваа година, нашиот деветчлен тим на вработени ќе создаде приход од девет милиони долари. Кога им кажувам на луѓето дека мојот тим работи само пет часа дневно, тие одговараат: „Тоа е убаво, но нам не ни се исплаќа“. Работното време од 9 до 5 е толку вкоренето во нивниот начин на размислување да не може да замислат ништо друго – вели Аристол.

Вистината е дека можете да го намалите бројот на работни часа за 30 отсто и да останете на исто ниво на продуктивност. Еве зошто:

1. Луѓето не се машини. Само затоа што сте врзани осум часа за бирото не значи дека сте продуктивни. Дури и најдобрите вработени веројатно постигнуваат два до три часа ефективна работа.  Работните денови од пет часа овозможуваат нивната енергија да биде на оптимално ниво и да бидат ефикасни.

2. Среќата поттикува продутивност. Студиите покажуваат дека среќните работници се попродуктивни и има логика: да се има време за сопствен интерес, негување на врски со блиските и да се биде активен дава многу повеќе енергија и психички и физички.

3. Помалку време дава подобар фокус и прави подобро да ги извршите приоритетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top