Одбраната на Реал Мадрид не функционира најдобро на стартот од сезонава, што е една од причините поради кои „кралевите“ сериозно размислуваат да ја прекинат соработката со Пепе. Актуелниот договор на Португалецот истекува на крајот на сезонава, а раководството на Реал се уште му нема понудено продолжување, ниту пак има најави за состанок на оваа тема во блиска иднина. Ова би значело дека Пепе во јануари би можел да преговара и да потпише договор со нов клуб каде би се преселил во јули, со што би бил ставен крај на неговиот престој во Мадрид кој трае уште од 2007 година, кога пристигна од Порто за 30 милиони евра.
Весникот „Ас“ најавува дека планот на Зидан и на раководството на клубот не е да се плаќа богатство за нов дефанзивец, туку шанса ќе добие младиот Диего Љоренте. Станува збор за играч од младинската школа на Реал кој моментно се наоѓа на позајмица во Малага, каде прикажува одлични игри. „Кралевите“ веќе со случајот на Асенсио покажаа дека планираат да им дадат поголема шанса на „своите деца“ наместо да трошат милионски суми на други играчи, a на Љоренте е гледа најпрвин како на идеален партнер за Рамос, а во иднина и како на „командант“ на одбраната на „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид уште пред неколку месеци стартуваше преговори за продолжување на соработката со Лука Модриќ, чиј договор истекува во 2018 година, но не и на Иско, кој речиси сигурно ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент