Една слива е еднаква на грст боровинки кога станува збор за количината на антиоксиданси. Ова овошје е вистински избор при опстипација!
Сливите се неизбежен избор на домаќинките при приготвување на зимници, а освен што се користи за приготвување на мармалади и слатка, секако е пожелно да се јадат свежи бидејќи содржат витамин Ц (5 од 8 мг на 100 г, во зависност од видот), витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум. Сливите обилуваат и со диетални влакна, 2 г на 100 г, а згора на се’ – тие се нискокалорично овошје.
Истражувањата покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи со просечна големина, во текот денот, во времетраење од два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол ЛДЛ.
И тука не завршува списокот на благодетите од оваа „кралица“. Со консумација на 12 суви слливи на ден, односно 100 грама, за три месеци значително се зголемуваат маркерите во крвта кои покажуваат зголемена густина на коските – покажало едно од истражувањата.
Дихидрокси-фенил изатин, е една од состојките на сливата поради која, помеѓу останатото, ова овошје има лаксативен ефект. Му помагаат сорбитолот и фенолите, како и диеталните влакна.
25 грама суви сливи што е еквивалент на околу три плода, осигурува 5 отсто од потребниот дневен внес на диетални влакна, кој за мажите на возраст од 19 до 50 години е 25 проценти а за жените од истата старосна група е 7 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што е тоа што го контролира дијабетесот, го намалува холестеролот и го лекува гастритисот?
-
Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи
-
Производителите на слива не добија решение за откупот, утре ќе го блокираат патот кон границата со Бугарија
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат