| четврток, 6 декември 2018 |

Електричен трансформатор ја потресе Белата куќа

belata kukaПросториите во западното крило на Белата куќа се повторно отворени, откако претходно денеска беа кусо евакуирани, поради чад, јави Си-Ен-Ен. Во ова крило се наоѓаат овалниот кабинет на претседателот и кабинетите на неговиот персонал.

Тајната служба по проверка на куќата утврдила дека нема индиции за опасност по претседателот Барак Обама, а на персоналот му е дозволено да се врати во просториите на Белата куќа.

Чадот се појавил поради дефект во електричен трансформатор, кој брзо бил саниран и поради кој се активирале сензорите за чад.

Претставник на Сикрет срвис изјавил дека за време на дефектот Обама не бил во канцеларијата.

– Проблемот со трансформнаторот беше брзо решен и дотокот на електрична енергија беше обновен, а персоналот се врати во Западното крило, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top