Селекторот на младинската фудбалска репрезентација, Боби Милевски, на прес-конференција го објави списокот на фудбаалери за претстојниот квалификациски натпревар со Шкотска. Станува збор за историски дуел за „црвено-жолтите“, кои со триумф на оваа средба што ќе се игра на националниот празник 11 октомври би можеле да обезбедат место во баражот за пласман на ЕП 2017 во Полска.
Добра вест е што во составот по одлежаната суспензија се враќа Виктор Ангелов, а во комбинација за настап се и дефанзивците Бесир Демири и Егзон Бејтулаи, кои се суспендирани од страна на Шкендија, но Милевски смета сериозно на нив откако играа одлично во националниот тим во текот на целиот квалификациски циклус.
За првпат повик во оваа селекција доби Јован Поп Златанов од екипата на Пелистер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.