| четврток, 6 декември 2018 |

Атина испитува како да префрли бегалци и мигранти во затворени кампови на копно

begal

Во обид да го олесни притисокот на островите во источниот дел на Егејското Mоре, официјална Атина, наводно, испитува начини да се овозможи префрлање на бегалци и мигранти во затворени кампови на копното без да го прекрши договорот меѓу Европската унија и Турција за намалување на приливот на бегалци, јави дописникот на МИА од грчката престолнина. Бегалците и мигрантите, кои на грчките острови пр

-Бегалците и мигрантите, кои на грчките острови пристигнале после 20 март, не се вклучени во таканаречената преселба и на тој начин не можат легално да патуваат во друга членка на ЕУ, и остануваат заглавени на островите. ­ Тие не можат да бидат вклучени во програмата за преселба во согласност со одлуката донесена во јуни од страна на Советот за внатрешни работи- изјави шефот на грчката служба за азил Марија Ставропулу за „Катимерини“.

Исклучувањето на новите мигранти од шемата на релокација е воведено со цел да се обесхрабрат мигрантите кои доаѓаат во Грција. Сепак, пишува „Катимерини“, сржта на проблемот е што бегалците кои пристигнале пред 20 март стигнале до копно, додека оние кои дошле после, се заглавени на островите се додека не заврши обработката на нивните барања за азил. Оние чии барувања се одобрени можат да патуваат на копно, додека мигрантите чии барања биле одбиени мора да се вратат во Турција. Од април до денеска, во Турција, во согласност со договорот, се вратени само 587 мигранти, а во истиот период се регистрирани повеќе од 15.000 нови пристигнувања. На копно има 6.224 мигранти кои имаат право да се преселат во друга земја­членка. Земјите членки на ЕУ се обврзаа да примат 8.000 луѓе, но до сега се преселени само 3.407 мигранти. Премиерот Алексис Ципрас и градоначалникот на Лезбос Спирос Галинос во понеделник ќе одржат состанок на кој ќе се дискутира за последиците од бегалската криза на островот. ­ Тоа нема да биде само уште еден состанок.

– Очекувам Владата и опозицијата да дадат предлози во насока на преместување на речиси 5.500 луѓе кои се на островот и денес, но, исто така, за поддршка на локалните заедници. На средбата, покрај предлозите, очекувам одлуки, секогаш во иста насока- изјави Галинос за грчката државна новинска агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top