Вкупното богатство на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп се проценува на 3,7 милијарди долари или за 800 милиони помалку од минатата година, пишува списанието Форбс. Списанието го објаснува намалувањето на богатството главно со падот на њујоршкиот пазар на недвижности. Изданието анализирало 28 сметки, што се сопственост на бизнисменот од Њујорк и утврдиле дека на 18 од нив се намалила сумата. Намалена е и вредноста на зградата Трамп на Менхетн и неговиот клуб МараЛаго во Палм Бич на Флорида. Форбс тврди дека го следи богатството на Трамп цели 34 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.