| четврток, 6 декември 2018 |

ЕБОР предвидува 1,8 проценти пораст на македонската економија

eborНајновата прогноза на Европската банка за развој за порастот на македонската економија годинава е 1,8 проценти.

Во извештајот се наведува дека Македонија во 2012 година беше под значајно влијание на кризата во еврозоната, која резултираше со намалена побарувачка за извоз и доведе до пад на инвестициите и дознаките од странство. Посочува дека е можен умерен напредок или пораст во 2013 година.

Според најновиот извештај, ЕБРД предвидува пораст на БДП за 2013 година во Хрватска и во Црна Гора 0,8 проценти, Бугарија 1,9 процент, Албанија два процента, Србија 2,1, Косово три проценти. Прогнозата за целиот регион е дека економијата ќе има пораст од 1,5 процент, а порастот за европската економија е 1,2 проценти.

За економијата во регионот на Југоисточна Европа посочува дека останува значајно под влијание на случувањата во еврозоната, која е главен пазар на нивниот извоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top