| четврток, 6 декември 2018 |

За Рибите супер секс, за Девиците многу пари – што носи денешната Црна месечина

Вечерва на небото над западната хемисфера ќе се појави ретката астрономска појава Црна месечина, која не се случила од март 2014 година.

Астрологијата открива што носи таа за секој хороскопски знак

OВЕН
Oвните ќе имаат многу причини за славење – на професионален план се ќе им оди како подмачкано, па затоа сега, кога се сигурни во својот успех, треба да одвојат неколку дена за романтика. Со младата месечниа во Вага, ова е идеален момент да почнете нова врска или да го доведете во ред односот во кој сте сега. Имајте на ум дека врските започнати за време на владеењето на Црната месечина се посебно моќни.

БИК
Имате ли чувство дека во последно време се гушите во неред? Сега е идеалниот момент да го организирате своето приватно и работно опкружување за да бидете што поефикасни. Ова е, исто така, идеалниот момент за критично размослување и продуктивност, па задолжително направете листа на цели и планови и тргнете во истражување.

БЛИЗНАЦИ
Oвој петок Црната месечина ќе ви донесе премногу енергија и самодоверба. Затоа, искористете го ова за самопромоција или на социјалните мрежи или во живо. Ќе ви се исплати! Покрај тоа, сега е идеален момент да започнете креативен проект за кој долго размислувате, бидејќи до 11 октомври ќе идете преплавени со нови и свежи идеи.

РAK
Oваа недела сите ве влечат на своја страна, па сте малку збунети. Црната месечниа ќе ви ја осветли четвртата куќа, куќата на семејството и пријателите, по што ќе почнете да го преиспитувате односот со вашите блиски. Прашајте се дали секогаш биле тука за вас, дали постои некој кој не припаѓа во круго на вашите најблиски пријатели. Без грижа, ќе ги откриете одговорите.

ЛАВ
Oваа недела Месечината ви носи неверојатен налет на самодоверба, но и здравје. Покрај тоа, ќе доживеете и нови познанства, а можеби и конечно ќе го запознаете оној вистински најдобар пријател, кој е тука и во добро и во зло. Ова е време за социјализација, па гледајте што повеќе време да поминете во друштво.

ДЕВИЦА
Наскоро ќе се бањате во пари, но пред тоа направете нешто за себе – ако не ви се допаѓа сегашната работа или пак ако ја немате, почнете да праќате CV. Ако мислите дека немате простор за напредување во сегашната професија, почнете сами да работите на нови вештини, кои ќе ви отворат нови работни можности.

ВАГА
За Вагите во овој период најсоодветна е изреката „Ако можеш да сонуваш, можеш и да оствариш“. Ова е време за целосно рестартирање, затоа, добро искористете го бидејќи можете, доколку навистина сакате, од корен да го промените својот живот. Среќата е на ваша страна.

СКОРПИЈА
Mладата месечина обично значи и нов почеток, но пред секој почеток мора да има и болен крај. Затоа, ова е вистинско време зад себе да оставите се што ве преоптоварува – стресот, партнерот, емотивниот багаж…Дури тогаш слободно ќе може да тргнете храбро во нова авантура. Само кога вистински ќе се збогувате, во животот ќе ви влезат новите работи по кои мечтаете.

СТРЕЛЕЦ
Време е за проширување на мрежата на работни познанства, тоа ќе ви се исплати повеќекратно, посебно во финансиска смисла. Затоа не одбивајте ни еден повик за излегување и средби, поготово не оние работните.

JAРЕЦ
Oва е вистински момент да си поставите јасни и остварливи цели и за шест месеци ќе го имате она за што сонувате. Сега е време да се фати бикот за рогови, но не претерувајте – фатете само еден.

ВОДОЛИЈА
Aкo не ви се допаѓа како моментално изгледа вашиот живот, сега е моментот целосно да ги промените работите. Свртете се кон работите кои ве инспирираат. Задолжително запишете се на некој курс или научете некоја нова вештина. Ова е време за ваш личен развој.

РИБИ
Во периодот на млада месечина во Вага ќе бидете сосема неодоливи, па подгответе се со стап да ги бркате обожавателите. За вас ова е време на љубов, страст и многу секс. Преуштете му се на сето тоа, заслуживте!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top