Митрополитот Теодосиј од Руската православна црква, кој говореше на вториот ден од Третата светска конференција за меѓуверски и меѓуцивилизациски дијалог во Скопје рече дека голем немир предизвикува турбуленцијата на вредностите и егоизмот на современиот човек.
– Слободата е божји подарок. Неа ја трошиме, кога го избираме злото, ако не се внимава на моралниот живот, се ризикува, уривање на зградата на современата цивилизација – потенцираше Митрополитот Теодосиј.
Ричард Беренгартен од Кристи колеџот во Кембриџ понуди поетска перпектива на разновидноста, повикувајќи се на древните сфаќања за човештвото – дека сите луѓе се притоки на една река, и на идеите на језуитот Џералд Манли Хопкинс и на поетот Вилијам Блејк.
– Разновидноста е голем подарок и изразите на сите култури треба да се почитуваат и да се сакаат токму поради нивнита уникатност. Ако сакате да го разберете и цените диверизитетот, почнете да ги гледате цвеќињата, но правете го тоа со окото на поетот – рече Беренгартен.
Имамот од американскиот Исламски центар на шиитите од Америка Хасан Казвини истакна дека заедничко на сите духовни лица, слуги на Господ, е да ги сакаат другите и да ги почитуваат нивните избори.
– Бог сака да сме различни, за да научиме едни од други, а не да се бориме едни со други. Ако сте правоверник, треба да го сакате Бог, но и сите негови креации. Тоа се вистински следбеници на монотеистички религии, а се друго е лажна вера скриена под името на религијата – рече Казвини
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст