Полицајци забележале сомнителен камион кај Кадрифаково, штипско, а кога се обиделе да го запрат, возачот нагазил на педалата за гас. Подоцна застанал и почнал да бега, а од товарниот дел на камионот изегле 28 странци кои почнале да бегаат кон околната шума. Сите биле поапсени од полицијата.
МВР соопшти дека денес во 4.30 часот на магистралниот пат Штип-Велес кај с.Кадрифаково, униформирани полициски службеници од Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај Штип забележале ТМВ „ТАМ“ со струмички регистерски ознаки, сопственост на Н.К.(1939) од село Едрениково, кое се движело во правец од Штип кон Велес. Откако засега непознатиот возач ја забележал полициската патрола, со возилото свртел полукружно и се упатил кон Штип. Полициските службеници го запреле возилото, а возачот скокнал од него и се дал во бегство. Од просторот наменет за товар излегле повеќе лица кои се упатиле кон блиската борова шума. Истите се запрени и констатирано е дека се работи за 28 странски државјани без документи за идентификација и без регулиран престој во Р. Македонија. Тие се приведени и задржани во ПС-Св.Николе за понатамошна постапка. Утврдено е дека се работи за лица на возраст од 16 до 43 години и тоа 4 по потекло од Еритреја, 4 по потекло од Сирија, 4 по потекло од Сомалија, 4 по потекло од Авганистан, 4 по потекло од Пакистан, 3 по потекло од Гвинеја, 3 по потекло од Алжир и по еден по потекло од Сиера Леоне и Сенегал. Во моментов се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот и негово пронаоѓање, како и други лица инволвирани во кривичното дело „Криумчарење мигранти“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти