| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар ја изведе претставата „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог”

 НУ Турски Театар, ја изведе претставата „ПЕГИ ПИКИТ ГО ГЛЕДА ЛИЦЕТО НА БОГ“  од Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ во режија на Ивана АНГЕЛОВСКА.

-„Пеги Пикит го гледа лицето на Бог” на Роланд Шимелфенинг e напишана како дел од Афричката трилогија во која како автори се појавуваат тројца писатели од различни континенти и кои од своја лична перспектива пишуваат за тоа како општеството во кое живеат го перцепира проблемот на Африка. Овој глобален проблем е пренесен преку интимните стории на два брачни пара најблиски пријатели кои се разделуваат пред 6 години поради избор на дијаметрално различни континенти и кои од своја лична перспектива пишуваат за тоа како општеството во кое живеат го перцепира проблемот на Африка. Овој глобален проблем е пренесен преку интимните стории на два брачни пара најблиски пријатели кои се разделуваат пред 6 години поради избор на дијаметрално различни животни правци. Ова драмско дело ја отсликува шизофренијата на понудените можности, преиспитувањето за сопствените избори и воопшто дезориентираноста на современиот човек која води до постојано незадоволство за избраниот живот. Дали е наша должност да превземеме нешто кога ќе дознаеме дека некој е во животна опасност? Токму околку оваа дилема осцилира целата драма за на крај да се соочиме со тоа дека секој мора сам да го пронајде одговорот, вели Ивана АНГЕЛОВСКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top