Денес во организација на Федерацијата на БиХ анти-фашисти, ќе биде одбележана 70-годишнината од Битката на реката Неретва, една од најпознатите и најкрвавите битки во Втората светска војна.
На прославата на која се очекуваат илјадници луѓе, ќе бидат испратени анти-фашистички пораки во регионот.
– Ние сакаме да дадеме поддршка на сите оние луѓе кои сакаат да бидат анти-фашисти, да се испрати порака дека борбата не е завршена, дека фашизмот не беше поразен во оваа област и дека сакаме и треба да продолжиме таму каде што застанаа анти-фашистите кои постигнаа победа во Втората светска војна, рече претседателот на комисијата, Нијаз Скендерагиќ.
На прославата се очекуваат посетители од сите делови на Босна и Херцеговина, а пристигнуваат и автобуси од Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија.
– Она што сме особено задоволни е масивното доаѓање на далматинските борци, од многу познатата далматинска бригада, која учествуваше во битката за повредените, рече Скендерагиќ.
Битката на Неретва траеше од јануари до април 1943-та година. Се проценува дека повеќе од 150 000 војници нападнаа многу помали партизански одреди, кои исто така беа повредени. До крајот на март се убиени повеќе од осум илјади партизани, а затвореници имало околу две илјади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала
-
Дарко Илиевски: Во животот се клекнува само еднаш, пред жената која ја сакаш
-
Изминаа 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
-
Македонската пејачка прослави 5 години брак: Сум се вљубувала многу пати, но секогаш во тебе



