| четврток, 6 декември 2018 |

Мухи со познатите фаци: Петре измонтиран покрај Џони и Софија

„Со познатите фаци“ – гласеше насловот на фотографијата која новиот член на Претседателството и Извршниот одбор на СДСМ Мухамед Зекири ја постираше околу 19 часот на својот ФБ профил.

И ништо не би било чудно на оваа фотографија, нити е изненадување, доколку се земе предвид начинот на кој меѓусебно општат Петре Шилегов и Софија Куновска, што целата јавност можеше да го види деновиве низ македонските медиуми.

Вниманието ни го одвлече четвртиот на сликава – „Џони Вокер“ со бандерола – кој се најде меѓу познатите на фотографијата.

Но, интересното се случи десетина минути подоцна, кога на истиот ФБ профил се појави нова, сечена, лепена, монтирана фотографија, на која „Џони“ го нема.

Уверете се сами.

417715-kade-ima-viski-tamu-e-petre-a-bogami-i-sofija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top