Маџунот е природен производ добиен од гроздов сок (шира) на најквалитетните видови лоза. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди, органски киселини, гликоза и фруктоза од шеќерите што се застапени во ширата како неопходни елементи што ја овозможуваат неопходната енергија за работа на мускулите, а посебно на срцевиот мускул.
Се препорачува за: зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, возрасни како и кај спортисти.
Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при:
- · инфекција на дишните органи
- · нарушена функција на хепар, хепатит (жолтица, алкохолизам)
- · психички нарушувања
- · прекумерна тежина.
- · настинки
- · инфекции на респираторниот тракт
Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси. Токму поради тоа тој претставува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогнат да го сочувате и подобрите здравјето.
Постои бел и црн маџун. Најчесто се продава црниот маџун заради полифенолите кои ги содржат црните сорти на грозје, а кои ги нема во белиот гроздов концентрат. Црниот најчесто се прави од вранец бидејќи е најбогата сорта со боени материи, шеќери и полифеноли, а од друга страна е и најзастапена црна сорта во Тиквешијата.
Црниот маџун содржи:
- Антиоксиданси – Најпознат антиоксиданс е ресфератролот кој го смалува вишокот на холестерол, спречува артериосклероза, дава еластичност, го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари. Докажано е дека е и анти-канцероген, анти-вирусен.
- Минерални материи
- Органски материи во природна форма како што се винска, млечна, јаболкова и лимонова киселина.
Има таква структура на шеќери која е идентична како кај пчелиниот мед , односно 50% гликоза (гроздов шеќер) и 50% фруктоза (овошен шеќер). Поради тоа многу е погоден за закрепнување на имунолошкиот систем кај човекот, т.е. луѓе после операција , особено за прележани од хепатит.
- Не содржи масти
Употреба за зголемување на имунитет:
- За доенчиња по 11 месечна возраст – ½ лажичка во оброк, максимум 3 пати неделно.
- За деца над една година – 1 лажичка во оброк, чај или вода, секој ден.
- За возрасни – 1 супена лажица, 1 до 2 пати дневно растворена во вода или чај.
извор: Здрава храна здрави деца
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исклучените од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на пратеничкиот имунитет на Груевски
-
Oслабен ви е имунитетот? Еве што треба да јадете!
-
Пратеник може да биде приведен, за притвор и одземање на имунитетот решава Собранието
-
Tајна за детски имунитет: „Не ги лекувајте со чудотворни лекови, туку со ова“